Ништо не го иззема Христијан Мицкоски од одговорност за блокадите што му се случуваат на Град Скопје.
Градоначалничката на Скопје, претседателот на Советот на Град Скопје, мнозинството во Советот, најголем дел од членовите во Управниот одбор на ЈСП се дел од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ги имаат сите механизми за прекин на блокадите на приватните превозници.
Дури и директорите на Јавните претрпијатија кои по кавгата Арсвоска – Мицкоски се претставуваат како независни, се впрочем челнови или активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Таков е случајот и со ВД директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјан Митовски кој може да се види во друштво на Мицкоски и членови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, Мицкоски нема доблест ниту да им се извини на скопјани за хаосот што се случува во градот.
Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја приредува на Скопје поради лични и бизнис интереси.