fbpx

За работата на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ да праша во УО, таму скоро се сите се членови на нивната партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Очајни се обидите ВМРО-ДПМНЕ да се изземе од одговорност за катастрофата во Скопје, а уште поочајно е вината за тоа да ја префрла кон СДСМ кој во Град Скопје е опозиција.

Скоро сите директори се од шинелот на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од нив бадијала се претставуваат како независни, како Марјанче Митовски од ЈП „Водовод и канализација“ кој самиот има објавувано фотографии со Христијан Мицкоски и од настани на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите надзорни и управни одбори се составени вон најголем дел од членови и активисти од ВМРО-ДПМНЕ, избрани од Советот на Град Скопје со мнозинство исто така од ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е и случајот со Јавното сообраќајно претпријатие за чија спорна набавка на горива СДСМ прв реагираше.

Се што ВМРО-ДПМНЕ гледа како спорно во работата на ЈСП нека си ги праша нивните членови кои се дел од Управниот одбор, а потоа заедно да преземат одговорност и да престанат блокадите на главниот град.

Последни вести