Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да најде решение за проблемот што го создаде и да го ослободи Скопје од блокади и хаос.
Колапсот на јавниот превоз Скопје не може да се реши со делумно повлекување на блокадите.
Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и кавгата на Мицкоски со Арсовска за тендери и провизии, илјадници граѓани со денови трпат штети, не можат непречено да се движат низ својот град и навреме да стигнат до своите одредишта.
Виновниците за хаосот и блокадите сите до еден, се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие се обврзани да најдат решение за проблемот со јавниот превоз, што го создадоа, наместо да ја префрлаат кавгата низ улиците во Скопје и да се изживуваат врз граѓаните.
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е најголемо разочарување за граѓаните.