fbpx

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ една година ништо не работат, а допрва бараат идеи од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ една година ништо не работат, а допрва бараат идеи од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, а нејзините градоначалници се разочарување за граѓаните.

Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ е власт во над 40 општини, повеќе од една година тие општини тонат во безидејност и бесперспективност, нема нови проекти, има само партизација на општините.

По една година од мандатот градоначалничите од ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе собирале идеи за проекти од граѓаните.

Тоа значи дека ништо од своите програми не реализирале, дека ги игнорираат ветувањата дадени пред изборите и дека ги залажуваат граѓаните.

Наместо да се затвораат во скапи хотели, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ конечно нека почнат да работат за интересите на граѓаните.

Една година локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините.

Последни вести