fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го искористуваше здравството за местење тендери и лични богатеења, денес сите јавни набавки се транспарентни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за здравство.

Цели 11 години, опозицијата здравството го искористуваше за местење на тендери, добивање на дебели провизии и лични богатеења.

Поради игнорантскиот однос кон здравствените работници, пациентите и условите во болниците, ВМРО-ДПМНЕ остави тотален хаос во здравтствениот систем.

Втор ден, иста лага од симболот за лажни вести – белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал официјално потврди дека сите јавни набавки на Министерството за здравство се кристално чисти и законски.

Наместо да шири лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ да се информира дека не станува збор за процес на стерилизација, туку за долгорочно инвестирање и осовремување преку пат на приватно јавно партнерство.

Приватно јавното партнерство обезбедува спој на инфраструктура, искуство и финансиски можности.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири лаги проблемите за своите неуспеси да ги побара кај нивната деструктивна политика, последица на груевистичката матрица која цели 11 години ги уназадуваше, осиромашуваше и иселуваше граѓаните.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ е провидно, граѓаните и јавноста се свесни дека опозицијата е очајна и нуди само лаги и непроверени информации.

 

Скопје, 07.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести