Соопштение за јавност
Со Германија и Норвешка, 16 земји го ратификуваа Протоколот за пристапување, Република Северна Македонија 30-та членка на НАТО
Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО, најмоќниот безбедносен сојуз во светот.
Германскиот Бундестаг вчера го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Претходно, Протоколот беше ратификуван и од страна на парламентот на Норвешка.
Со тоа, повеќе од половина, односно вкупно 16 од 29 земји членки дадоа зелено светло за влез на нашата земја во НАТО Алијансата.
Темпото со кое државите-членки го ратификуваат протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО е признание за успешните политики на Владата предводена од СДСМ.
Приклучувањето на Република Северна Македонија во НАТО значи остварување на врвните стратешки и национални интереси на нашата држава од осамостојувањето.
Покрај безбедноста и стабилноста, приклучувањето во северно-атлантскиот сојуз носи сигурност за нови странски инвестиции, отворање на нови работни места, економски раст и развој и повеќе пари за граѓаните.
Како одговорна и државотворна партија остануваме посветени на остварување на врвните национални и стратешки интереси, обезбедување на сигурна иднина и подобар живот за сите граѓани.
Скопје, 07.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА