fbpx

Средба на генералниот секретар Николовски со амбасадорот Тимоние: Направен е сериозен прoгрес во реформите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Љупчо Николовски, денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

Амбасадорот Тимоние на Николовски му честиташе за стапувањето на функцијата генерален секретар на СДСМ, се интересираше за промените во партијата и начинот на работа.

На средбата се разговараше и за повеќе актуелни политички теми, меѓу кои и спроведувањето на реформите и евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Генералниот секретар Николовски истакна дека во изминатите две години Владата предводена од СДСМ се посвети на реформите, ги реши отворените прашања и направи сериозен напредок во реформскиот процес, што е препознаено и нотирано и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

„Бевме фокусирани на реформите дома, ги сработевме сите задачи, направивме значаен напредок во реформите, кои се важни за напредокот кон ЕУ, но пред се се важни и за нас како општество. Затоа, со право очекуваме овие успеси да бидат вистински вреднувани со почеток на преговорите за пристапување во ЕУ наскоро.

Подготвени сме за почеток на процесот на преговори, подготвени сме за уште позасилено ангажирање на сите расположливи капацитети во реализација на реформите. Реформскиот процес ќе продолжи во интерес на иднината на државата и сите нејзини граѓани“ порача Николовски.

Амбасадорот Тимоние посочи дека Република Северна Македонија во изминатиот период направи многу во процесот на интеграција и доближувањето до ЕУ и НАТО и истовремено порача дека е важно напредокот да продолжи, а тоа е можно со продолжување на реформските процеси.

Одлуката е во рацете на Советот на министри, а Николовски изрази очекување дека Европската унија ќе возврати и вистински ќе го вреднува постигнатиот напредок.

 

 

 

 

 

Последни вести