fbpx

Пратеникот Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ да поднесе оставка, не е достоен за функција, шири говор на омраза и симбол е за непотизмот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија ја излажа јавноста.

Иако лажната вест на Стевананџија беше екпресно демантирана, тој не собра храброст да им се извини на граѓаните.

Стевананџија треба да си подесе оставка затоа што ги лаже граѓаните и не е достоен за функцијата што ја извршува.

Освен за лаги и ширење лажни вести, Стевананџија е постојано шири и говор на омраза а остана и симбол за непотизам. За потесетување, пратеникот се уште молчи за неговата одговорност за вработувањата на неговата сопруга, сестра, вујко и тетка.

Пратениците треба да им служат на граѓаните а не да ги лажат.
Пратениците треба да ги штитат граѓаните од говор на омраза а не да предизвикуваат говор на омраза.

Стеванаџија не е достоен да биде на функцијата пратеник и треба да си поднесе оставка.

 

Скопје, 05.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести