fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура може да зборува само за провизии и криминал, автопатот Миладоиновци – Штип е пуштен во употреба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Единствен успех за ВМРО-ДПМНЕ во полето на инфраструктура се огромните провизии со кои ги задоволуваа нивните лични бизнис интереси.

Поради неспособност и криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави недовршени патишта со низа пропусти и нерегуларности кои ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра за нивно надминување.

Очајната ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што за само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од тоа што опозициската партија го правеше цели 11 години за време на нивното владеење.

Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци.

Решени се сите проблеми на Автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км.

4 експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш.
Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи како се работи одговорно, домаќински и отчетно, како се гради по план.

 

Скопје, 05.06.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести