fbpx

После години стагнација за овие две години економијата расте, од -1.8 БДП се зголеми на 3,7 проценти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во последните две години, откако СДСМ го презеде управувањето со Владата, по спроведените мерки и реформи, забележано е сериозно придвижување на економијата.

После години стагнација екомијата расте. Од минусното салдо од -1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, во четвртиот кваертал од 2018 година, забележан е раст од 3,7 отсто на БДП.

Јавниот долг е стабилизиран, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а сериозно се намалени и каматните стапки.

Вратена е довербата во економијата, за две години влезени се 20 нови странски инвестиции, а во 2018 е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.

Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места, што придонесе стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто.

По зголемувањето на минималната плата се отвори спиралата на раст на платите, растат платите во сите сектори, а просечната плата во 2018 година бележи пораст од 5,9 отсто.

Ова се само дел од реалните податоци кои ја покажуваат успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ во изминатите две години.

После години стагнација, имаме силна економија која нуди еднакви шанси за сите.

Скопје, 05.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести