fbpx

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата далеку од евроинтеграциите, денес, имаме најпозитивен Извештај и безусловна препорака

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше се за да ја оддалечи државата од евроинтеграцииите и напредокот кон ЕУ. Токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше замрзнати препораки, оценките за нашите перспективи беа безизлезни, а државата беше оценета како заробена.

Денес кога се зборува за нашата земја за неа се зборува како блескав пример, со сите задачи исполнети, а сите проблеми кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ се во процес на решавање.

ВМРО-ДПМНЕ долго време беше и уште е дел од проблемот со евроинтеграциите.

Блокираа, бојкотираа, бегаа. Како одговорна партија, СДСМ им даде шанса да учествуваат во државниот успех и наместо да шират демагогија треба искрено да се изјаснат дали се за ЕУ и НАТО.

Северна Македонија го доби најуспешниот извештај до сега и оправдано очекува многу скоро да ги започне преговорите со ЕУ.

И наместо да честитаат и да бидат горди што нашата татковина конечно доби зелено светло од Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски и како опозиција продолжува да работи се против интеграцијата и напредокот, се уште бранејќи го криминалот на Никола Груевски и кочејќи го и условувајќи го Законот за Јавно обвинителство и статусот на Специјалното јавно овинителство.

 

Скопје, 30.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести