fbpx

ВМРО-ДПМНЕ втор ден лаже и измислува непостоечки случаи, договорените тендери се одлика на нивното криминално владеење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Договорените тендери се одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата која не нуди ништо освен лаги, измислици и непостоечки случаи.

Град Скопје и официјално ги демнатира лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации, соработката со посочената компанија е остварена законски.

На јавен повик за јавна набавка на кој можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите, избрана е посочената компанија како најсоодветна, регуларно и низ сите законски прописи.

ВМРО-ДПМНЕ заборава дека истата компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Тој факт дополнително ги побива лажните вести на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ веќе не може преку лаги и невистини не може да ги манипулира јавноста и граѓаните, никој повеќе не верува во нивните измислици.

Скопје, 22.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести