fbpx

Градиме по план, се реализираат 80 инфраструктурни проекти во вкупна должина од 700 километри

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ за само година и половина во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години.

Откако го наследи автопатот Миладоновци – Штип со бројни пропуст, и едвај направени помалку од 50 отсто, за кусо време автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експорпријација на земјиште, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на на патниците. 

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од околу 700 километри. Она што е особено значајно, за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста. 

Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат 

Крупиште – Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е за трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци – Штип.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци низ целата држава.

  

Скопје,  21.05.2016​          

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести