Соопштение за јавност
Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство е резултат единствено на негрижата, неодговорниот и криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ кон природното и културно наследство.
10 години ВМРО-ДПМНЕ заради бизнис и криминални интереси, свесно го загрозуваше културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион.
Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид – заштитеното подрачје од УНЕСКО.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, активно се посвети на решавање на проблемите во регионот.
Предлог одлуката која не е финална е дополнителен мотив за сите институции на локално и национално ниво, да се работи со поголем интензитет за зачувување на нашето уникатно светско наследство.
Сите надлежни инститции се целосно посветени на исполнување на останатите препораки на УНЕСКО и тоа мора да биде остварено бидејќи природното и културно наследство на Охридскиот регион не припаѓа само нашата земја, туку на целиот свет.
Скопје, 21.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА