Градската власт од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една година не презема ништо за справување со аерозагадувањето во Скопје.
Напротив, со Буџетот за 2023 година, дополнително се намалени средствата за животна средина.
Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ им се важни само теглите со мед и провизиите од тендерите, па затоа не преземаат ништо за надминување на загадувањето.
ВМРО-ДПМНЕ ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје и наместо да тера инает треба да ја поддржи иницијативата за вонредна седница за загадувањето на Скопје, поднесена од советничката група на СДСМ а поддржана од советниците од ДОМ и ЛДП.