fbpx

Богоев: Еднаквост има меѓу политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Еднаквост има меѓу политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а не СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се различни по многу работи, истакна потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Утрински печат“.

„Државата никогаш не била меѓународно поизолирана од мандатот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан Мицкоски беше генерален секретар на партијата и државата никогаш не била поинтегрирана на меѓународен план од тоа што е сега. Сега сме полноправна членка на НАТО и преговараме за членство во ЕУ. Сега имате ситуација кога имате кривична одговорност за функционери на власта, што претходно било незамисливо“ посочи Богоев.

Богоев оцени дека во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е истата матрица и најверојатно истиот нарачател, матрица чиј интерес е државата да биде изолирана.

„Мицкоски и Апасиев сакаат да го вратат она време кое 11 години го живеевме, односно да станете од сабајле, да имате чувство на лажна гордост, а стомакот да ви биде празен. Да не разговарате со никој од соседите и да мислите дека сите соседи сите развиени земји треба да трчаат кај вас, дека вие сте многу поголеми од нив. Тоа го правеше Груевски, сега гледаме дека Мицкоски и Апасиев сакаат да се врати тоа време, така што знакот на равенство би го ставил тука“ порача Богоев.

Последни вести