fbpx

ВМРО-ДПМНЕ – симболот за непотизам да учи за одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ го рашири непотизмот до невидени размери. Кога зборува за оваа тема треба да се обрати до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се пример за непотизам.

Додека купот роднини не се повлечат од работните места ВМРО ДПМНЕ нема образ да кажува нешто на оваа тема.

Државната комисија за спречување корупција и институционално потврди дека во десетици случаи раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку директни ургенции и влијанија отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини.

Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.

Новиот состав на ДКСК избран на транспарнтен и инклузивен начин денес работи одговорно и професионално. Сите нејзини одлуки мора да се почитуваат.

Опозицијата да учи што е државничко и одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини од работните места.

 

Скопје, 11.05.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести