fbpx

РЕК Битола работи со полна пареа, нема поскапување на струјата, нема рестрикции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Економско енергетските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата.

РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија.

Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и работат.

Електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот.

Цената на електричната енергија не се зголемува.

ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците.

Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена.

Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

За ранливите категории граѓани се исплаќа додаток од 1.000 денари за поддршка на потрошувачка на електрична енергија, а во октомври 2022 година 46.804 лица добиле ваква поддршка.

СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити фирмите и граѓаните од ценовен шок.

Последни вести