fbpx

Слобода на говор е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и заложникот Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференциија на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е последната политичка партија која има кредибилитет да зборува за цензура и слобода на говор.

Тоа е партијата која со години замолчуваше медиуми, апсеше и затвораше новинари и забрануваше секаков вид критика, а државата ја однесе на дното во Европа по медиумски слободи.

Автократската пракса во ВМРО-ДПМНЕ продолжи и со заложникот на Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски.

Изјавите на пратеници на нотар, исклучувањето на партиски функционери поради дадени изјави, обиди да се замолчат пратеници од парламентарното мнозинство, се само дел од мноштвото примери за тоа како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаат слободата на говор.

За разлика од таквиот пристап, СДСМ постојано работи на заштита и унапредување на медиумски слободи и човековите права.

Слободата на говор беше и останува мисловна именка за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести