Ефикасните економски мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати.
Минатата 2022 година реализирани се скоро 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години.
Споредено со 2014 година, кога капиталните инвестиции беа во вредност од 286 милиони евра, лани тие се искачија и достигнаа вредност од 465 милиони евра.
Капиталните инвестиции лани се за над 60 отсто повисоки од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако за 11 години во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани 650 километри патишта, сега, за пет години имаме 1.300 километри патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, за што инвестирани се над милијарда евра.
Започната е изградбата на железничка пруга во вредност од 600 милиони евра, комплетирана е изградбата на гасоводот од Жидилово до Битола, како и многу други капитални проекти значајни за граѓаните и стопанството.
За оваа година во буџетот се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции, што е дури 51,8 отсто повеќе отколку за 2022 година.
СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат развој, подобар квалитетот на животот на граѓаните и нивниот стандард.