Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заедно со пратеникот и координатор на пратеничката група, Јован Митрески, членката на ЦО и министерка за одбрана Славјанка Петровска, денеска во Струга присуствуваа на положувањето на светиот крст во реката Црн Дрим, како дел од чествувањето на христијанскиот празник Богојавление Водици.
На сите верници од православна вероисповест Зечевиќ им го честиташе големиот христијански празник посакувајќи им добро здравје, спокој и благосостојба.
„На сите граѓани, православни христијани им го честитам големиот празник, Богојавление – Водици. Духовното раѓање и вербата во доброто нека биде поткрепа за човечноста, солидарноста, во меѓусебната почит и грижа. Вековната православна традиција, веќе длабоко врежана и во колективната меморија на нашиот народ, нека го зајакне нашето единство, нашите вредности, да си помагаме и заедно да продолжиме по патот на успехот, напредокот и просперитетот.
Бог се јави! Нека е за многу години Водици“ истакнува Зечевиќ.