fbpx

Мицкоски се заплетка во сопствените лаги, ниту има притисоци ниту има распуштање на Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Христијан Мицкоски

Исплашен за својата фотелја во Белиот дворец, Мицкоски се заплетка во сопствените лаги. Затоа денес, на голем православен празник мора да пласира нови.

На почеток на оваа година, токму на Божиќ, Мицкоски изјави дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието.

Еве, дојде крај на јануари нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собрание, Мицкоски го излажа народот.

Затоа кога очигледно нема ни близу 61 пратеник за распуштање на Собранието, Мицкоски мора да пласира нови лаги, за наводни притисоци врз пратеници.

Не доликува на било кого, најмалку на политичар, верските празници да ги третира како мека за лажење на народот.

Ниту има, ниту ќе има распуштање на Собранието, ниту пак има притисоци врз пратеници.

Последни вести