fbpx

Ковачевски успешно менаџира со енергетската криза, Мицкоски се што кажа излажа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски со навремени и ефикасни мерки, во време на глобална енергетска криза, успешно менаџира со нејзините последици.

Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.

За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Од друга страна, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката и се што кажа, излажа.

Мицкоски ширеше паника кај граѓаните, дека за оваа зима нема да имаме доволно електрична енергија и енергенси, дека ќе има рестрикции, дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми.

Во време кога цената на гасот уриваше рекорди на берзите, Мицкоски бараше да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, со што државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра.

И за време на оваа криза, исто како и за време на пандемијата, Мицкоски се постави против државните инситуции и со лаги и дезинформации ја поткопуваше нивната работа.

Последни вести