fbpx

Освен заложник на Апасиев, Мицкоски е политичар со најмногу промашени изјави

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски, заложникот на Апасиев е политичар со најмногу промашени изјави, политичар без став и визија на кој не може да му се верува.

Мицкоски, тврдеше дека до крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието, дека се вршат притисоци врз пратениците.

Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, туку парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, како што се случи и пред една година, кога најавуваше дека има парламентарно мнозинство.

Од друга страна, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката.

Мицкоски ширеше паника кај граѓаните, дека за оваа зима нема да има доволно електрична енергија и енергенси, дека ќе има рестрикции, дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми.

Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Мицкоски го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација, лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ.

Преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик.

На Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев, не може да му се верува, се што кажа промаши.

Последни вести