Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем со сопствениот идентитет. Кое е тоа лицемерие од страна на ВМРО да зборуваат за инцидентот што се случи, кога нивни активисти се и напаѓачи и нападнати, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Талески запраша Што ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе за смирување на тензијата и вклучување во евроинтегративниот процес , дали ќе се дистанцира од овие личности, дали ги повикале на одговорност тие кои ги вработиле.
Кога зборуваме за национализам во Бугарија, имаме во државата националистички партии кои декларираат, провенираат и презентираат нациоанлизам во државата, тоа се Левица и ВМРО- ДПМНЕ како привезок на Левица, рече Талески, додавајќи дека, Левица и ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваат кој порадикални изјави и активности ќе преземат.
Талески ги повика ВМРО-ДПМНЕ да вклучат во евроинтегративниот процес со оглед на тоа дека државата ја реализираше старешката цел за членство во НАТО, а сега преостанува реализација на втората клучна стартешка цел – членството во ЕУ.
Нема алтерантива на патот којшто е зацртан, ВМРО-ДПМНЕ треба да најде храброст и сила да гласа за уставните измени, со тоа се прави јасна дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ, сега теба да преовлада разумот и во ВМРО-ДПМНЕ има лица кои го сакаат евроинтегративниот процес, не смееме европскиот процес да го запреме ние тука, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.