Соопштение за јавност
Реалноста што ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја прифати е дека нивниот деструктивен концепт и нивната кандидатка Гордана Сиљановска загубија на фер, слободни и демократски претседателски избори.
На фер, слободни и демократски локални избори, изгуби ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во општините Охрид и Ново Село.
ВМРО-ДПМНЕ може да бара алиби колку сака, но факт е дека сите домашни и странски набљудувачи констатираа дека државата организираше слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните гласаа слободно и без притисоци.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР соопшти јавно дека „сите учесници можеа да водат кампања без попречувања, а темелните слободи се почитуваа„ напоменувајќи дека „државните функционери и натаму правеа јасна разлика меѓу нивните службени и политички активности“.
Но, прелиминарните наоди на ОБСЕ/ОДИХР покажуваат и нешто друго.
На страница 5 од наодите и заклучоците е констатирано дека кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска Давкова, наместо два како што е пропишано со Закон, поднела само еден периодичен извештај пред денот на изборите во првиот круг.
Некои стари навики на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно не се менуваат.
Освен што е поднесен само еден финансиски извештај на Гордана Сиљановска, истиот и не дава реална слика за трошоците.
Наместо да бара оправдувања за поразот, ВМРО-ДПМНЕ треба да го објасни ова.
Трет ден ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски одбиваат да прифатат дека граѓаните повторно ги поразија нивните погубни политики на лажни вести, поделби и деструкција.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират со фактот дека загубија, да покажат зрелост и да го прифатат поразот, а причините за загубените претседателски и локални избори да ја побараат кај себе.
Скопје, 09.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА