fbpx

BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против членството на државата, им служи на туѓите интереси и делува по туѓа агенда.

Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Сликани со Мицкоски, со Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.

За инцидентот постапува обвинителството, откако МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно.

Насилство од било каков тип е неприфаталиво, исто како што се неприфатливи сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани.

И додека СДСМ ги остварува стратешките цели, ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, Мицкоски се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ.

На државата не и потребно потпалување на атмосферата, туку продолжување на европскиот пат, обезбедување на уставните измени за интеграција во ЕУ.

Последни вести