fbpx

Успешните економски политики на СДСМ дадоа резултат, рекордни инвестиции од 465 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата предводена од СДСМ, со ефикасни и навремени мерки и политики ја одржа економската стабилност на државата и обезбеди предвидлива деловна клима за домашните и за странски инвестиции.

Во 2022 година, во екот на глобална криза реалиризани 465 милиони евра капитални инвестиции, што е реализација на 90 отсто од предвидените капитални инвестиции за минатата година.

Лани во ТИР зоните се вложени над 430 милиони евра и се отворени нови 2.300 работни места, со плати над државниот просек.

Во време на глобална економска криза продолжи трендот на раст на платите и пензиите. Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а просечната плата достигна над 33.000 денари.

Пензиите се покачија во два наврати, а ново зголемување на пензиите следува во март оваа година, согласно новата методолигија.

За успешноста на економските политики на Владата, потврда е и кредитниот рејтинг на Стандард и Пурс и задржувањето на кредитниот рејтинг на ББ- со стабилен изглед.

СДСМ како одговорна партија продолжува со ефикасните и одговорни економски политики, кои даваат резултати, носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани.

Последни вести