fbpx

Ристов: Кога градоначалникот на Гази Баба ги најавуваше проектите, не спомна задолжување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советникот на СДСМ Мартин Ристов на седницата на Советот на општина Гази Баба посветена на задолжување на општината со обврзница во вредност од 5 милиони евра, истакна дека градоначалникот бара советниците да му дадат дискреционо право, без да образложи конкретни проекти.

Советничката група на СДСМ и колациијата не е против изградба и реализација на протектите на општината, но мора да поразговараме за начинот на кој сакате тоа да го направите, истакна Ристов.

Ристов побара градоначалникот да одговори дали има целокупна планска документација за наброените 8 проекти, од кои 2 се во сосема општа форма – реконсктруција на улици, и фекална канализација, без да се наведе која улица, која канализација.

Градоначалникот да одговори, каков ќе биде начинот на отплата, кои се проценетите каматни стапки на обврзницата, кој се може да ја купи таа општинска обврзница, дали ако е тоа приватна фирма може да дојде во спрега со инвестициски проекти, рече Ристов, додавајќи дека пред 15 месеци кога ги најавуваа проектите не спомнаа задолжување.

На овие прашања имате обврска да одговорите на граѓаните на општина Гази Баба, порача советникот на СДСМ Мартин Ристов.

Ристов наведе дека општина Газа Баба во 2022 година даде 11 позитивни мислења за вработувања и 6 унапредувања, и троши 15 милиони денари за привремени вработувања.

Градночаланикот на Гази Баба ќе потроши еден милион евра за привремени вработувања, за еден мандат, нагласи Ристов, и побара овие средства да се пренаменат за инвестициски проекти.

Последни вести