Одговор на новинарско прашање на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски
Интегрален текст:
Ако ги погледнете сите трибини кои што ги организираше СДСМ јас зборував за два концепти во државата. Едниот концепт за Европска Македонија, вториот концепт за држава изолирана, раскарана внатре, раскарана со соседите. При придружувањето кон ЕУ тоа е единствен процес којшто се одвива еднаш и завршува со членство во ЕУ. Тука не постои декларативна поддшрка, тука мора да постои реална поддршка преку поддршка на самиот процес, гласање на законски решенија и усогласување кои што следат до финално членство во ЕУ. Ние имаме политички партии кои се против. Левица е против европски интеграции тоа е запишано во нивните документи. Тие дури се залагаат за азиска унија на нашата држава. За што никој од граѓаните не слушнал, којшто е концепт којшто нема никаква реална основа.
Ако ја погледнете најголемата политичка партија тие се декларативно за ЕУ, но погледнете дали го поддржаа нашето членство во НАТО. Не го поддржаа, дали го поддржаа европскиот предлог, не го поддржаа. На што личеше однесувањето на опозиција кога држеше говор претседателката на ЕК тука во Скопје во текот на месец јули кога се носеше европскиот предлог. Тоа беше нешто што остави дамка на нашите меѓународни односи заради однесува на пратеници од опозицијата, поточно од ВМРО – ДПМНЕ.
Ние имавме лидерска средба на којашто разговаравме токму за овие прашања, вклучително и за најважните прашања кои што ги засегаат нашите граѓаните, тоа е економската криза, енергетската криза инт. Тогаш претседателот на нивната партија излезе со одреден став, прилично неконзистентни ставови бидејќи прво во разговор снимен со бугарски премиер, поранешен бугарски премиер вели да, го прифаќаме Договорот со добрососедство со Бугарија, за потоа да каже дека не го прифаќа. Со следниот премиер на Бугарија да каже дека да, прифаќаме уставни измени, потоа да каже не прифаќаме уставни измени. Потоа да каже дека барам гаранции од пратеници на нотар заверени дека нема да гласаат за уставни измени, за да потоа излезе и каже дека ако ЕУ даде гаранции, ќе поддржиме уставни измени, за да на крај каже дека по ниедна цена нема да поддржи уставни измени. Најново, во време кога ние зборуваме за интеграција на земјата во ЕУ, во време кога Северна Македонија после сите премрежја којшто ги имаше, на Берлинскиот процес беше определена да биде депозитар за договорите кои се потпишаа земјите од западен Балкан, тие договори се депонирани во нашето МНР. Во време кога нашата држава после се што поминина од 90та, 2000та година до денес е земја која претседава со ОБСЕ најголемата безбедносна организација во Европа, реториката на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ да биде 2001ва година носење на униформи. Тоа не е реторика која што ја сакаат овие граѓани. Нашите граѓани не сакаат блокади. Јас ја поминав цела држава никој од граѓаните не кажа дека сака блокирање на европскиот пат, никој не кажа дека сака блокирано Собрание, дека сака тензија. Сите сакаат мир, благосостојба и побрзо зачленување на државата во ЕУ нормално со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет, што и го направивме.
Одговорност на сите политички партии во Собранието и на и сите 120 пратеници во Собранието е да поддржат одлуки кои што значат побрзо зачленување на државата во ЕУ. Ова не е процес на еден човек, ниту е процес на една политичка партија, ниту е процес на една Влада, ова процес којшто е неповратен, процес којшто завршува со членство во ЕУ. Уставните измени кои што се пред нас не се последната голеа и тешка одлука во однос одлуките кои што следуваат за зачленување во ЕУ. Ние ќе имаме кога ќе дојде извештајот од скринингот од поглавјето за владеењето на правото ќе имаме пак закони за кои што ќе треба 2/3 мнозинство во однос на унапредувањето и на правосудниот систем, и на обвинетлскиот систем, меѓутоа и на многу други области на општеството. Замислете ако за секоја одлука секој некој бара избори. Тогаш ќе треба пред секоја одлука ние да одиме на избори. Тоа не е начин.
Погледнете ја Хрватска. Јас многу пати сум разговарал со нивниот премиер, прашањето на европските интеграции беше консензуално прашање кое што не беше предмет на политичка дневна дебата. Тоа беа одлуки кои сите политички хрватски партии ги носеа заедно а другите теми кои што се однесуваат на политики секогаш биле предмет и кај нас треба да бидат предмет на политичка дебата.
Одговорноста е на сите да ги носат одлуките. Има една теза која што ја заговараат од опозицијата од ВМРО – ДПМНЕ, а тоа е дека пратениците немале мандат да гласаат уставни измени. По две основи не е точно. Прво, пратениците работат согласно устав, закон и деловник на Собранието и тие имаат делегирана одговорност, право и обврска од граѓаните да ги носат одлуките со кои што ги остваруваат целите кои што граѓаните ги сакаат. А кај нас на избори граѓаните гласаа за прогресивни политички партии да имаат мнозинство во Собранието со кои што во својата програма имаат зачленување во ЕУ. Второ, во 2014 година ВМРО – ДПМНЕ беше тоа кое штоимаше поднесено уставни измени, слободни финансиски зони кои не беа дел од нивната програма, уредувањето на бракот којшто го имаа кажано само усмено еднаш не беше дел од програмата и уште една измена која што ја бараа и кои што не завршија, меѓутоа беа организирани јавни дебати и тие тогаш тоа го направија.
Пратениците, своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, Законот и Деловникот во Собранието.