Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и студентите, а денес лицемерно глуми загриженост и шири лажни вести.
11 години ВМРО-ДПМНЕ мислеше само на богатење на фамилијата. Наместо да изгради студентски дом, изгради скапоцен дворец за партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ во време кога студентите живееја во недостојни услови, а младите масовно се иселуваа заради бесперспективност.
Студентските домови ВМРО-ДМНЕ ги остави во толку голема катастрофа, во огромни долгови кои со години не биле сервисирани, само заради криминалните интереси на фамилијата на која поважни и беа спомениците од студентите.
Таквиот игнорантски однос кон младите заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а последиците од тоа се уште се чувствуваат.
Денес, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции покажуваат вистинска грижа за младите, и се решаваат проблемите што ги остави ВМРО-ДППМНЕ.
Вратени се долговите на студентските домови што ги остави ВРМО-ДПМНЕ во висина од 2 милиони евра и обезбедено е нормално функционирање на домовите.
Во делот на подобрување на условите за сместување настудентите целосно се реконструирани блоковите В и Г од студентскиот дом Гоце Делчев. Во тек е комплетно опремување со мебел и сите придружни елементи.
По повеќе од 40 години се унапредува системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и обезбедено е ефикасно, еколошко греење за студентите, во склад со планот за чист воздух.
Во студентскиот дом Стив Наумов инсталирани се нови елементи на дел од водоводната, парноводна и електрична мрежа. Потребно е уште работа тоа се знае. Затоа студентскиот дом Стив Наумов е следен за обновување.
Истовремено, продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.
Скопје, 08.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА