Одговор на новинарско прашање, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат повторно се покажува на дело. Опструираа, кочеа и никаде ги немаше кога беше потребно да се донесе сет, односно неколку сета на антикризни мерки во сред економска, ковид криза, тогаш бегаа.
Кога станува збор за насилници тие се први и се гласни и секогаш биле такви. Ова е уште еден еклатантен доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е сменето. Истата матрица, истите луѓе, истите навики, истите политики.
Ние сме конзистентни во нашите ставови, за нас не е прифатливo амнестија за насилници којшто влегоа на тој црн 27 април.