Првин сакам да го кажам апелот од страна на СДСМ, од страна на Извршната власт до секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром , Влав, Србин и други, да бидеме доследни, да бидеме како и многу пати до сега добри домаќини. Државата преку своите институции покажа дека функционира, институциите секогаш се на висина на својата задача.
Страшно е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во пресрет на чествувањето на денот на раѓањето на големиот Гоце Делчев. Едноставно ликот и делото на Гоце Делчев не го заслужуваат ова.
Мицкоски по којзнае кој пат како наследник на ликот и делото на Ванчо Михајлов, како лидер на партија која што градеше споменик на Ќосето, како партија која што ги воспеваше по нивните партиски настани Ванчо Михајлов и Тодор Александров уште еднаш сака да зоврие тензии во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев.
Граѓаните се доволно свесни и повторно ќе ја покажат својата одговорноост кон обидот на ваквите фрустрирачки обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пред се да направат нервоза, вознемирување кај Македонците и да на некој начин го попречат се она што досега го имаме стекнато како партија во делот на евроинтегрирањето на државата.