Соопштение за јвност
Минималната плата во државата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а од истиот месец и пензионерите ќе добијат покачување на пензиите, нагласи потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Битиќи истакна дека е воспоставено системско решение за покачување на минималната плата и на пензиите и сега покачувањето ќе се случи без разговори, преговори, наддавања.
Постигнавме фантастично решение пред 12 месеци со социјален дијалог, законот има методологија за покачување на минималната плата, се очекува само заводот за статистика да ги објави податоците и платата да се покачи, нагласи Битиќи.
Потпретседателот Битиќи најави дека ќе има усогласување на платите во јавниот сектор, во март кога ќе има зголемување на минимланата плата.
Сега во јавниот сектор нема ниту еден вработе со плата под минимланата плата, а од март следува усогласување и линерано зголемување на платите во јавниот сектор, рече Битиќи, додавајќи дека за тоа веќе се се планирани средства во Буџетот.
Во врска со новиот закон за платите во јавниот сектор, Битиќи истакна дека тој е во фаза на дискусија и претставува обид за системско решавање на платите во јавниот сектор.
Некој умешно, сакајќи, го нарушил целиот вредносен ситем, сакаме да воведеме ред, тоа бара време за дискусија, но мора да направиме исчекор, колку и да е болно, истакна Битиќи, додавајќи дека новиот закон за плати ќе биде правичен и чесен
Не може да се водат преговори со ЕУ, а платите на тие што преговараат да се 1/10 од платите на нивните колеги од ЕУ, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.