fbpx

Отворена е вратата за соработка со Алтернатива

Facebook
Twitter
LinkedIn

П: Што очекувате од партијата Алтернатива дали ќе останат во Владата или ќе ја поддржува Владата од позиција од опозиција?

Одговор: Како што беше напоменато неколкупати во изминатиот период, беше понудена опција за продолжување на соработката со Алтернатива и јавно соопштивме дека нашата намера е таа соработка да продолжи, дадовме простор и предлог решенија со својот кадровски потенцијал да дадат придонес во коалицијата, но за жал не дадоа свој предлог што де-факто одлучија да ја прекинат соработката до овој момент, партијата е добродојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, но не само кон Алтернатива туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат позади европскиот пат на државата како наша стратешка заложба

Последни вести