Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со Левица за тоа кој од нив ќе биде порадикален, па затоа се обидува со сите сили да ја оттргне државата од европскиот пат, порача пратеничката Санела Шкријељ во реплика на денешната собраниска седница.
„Најголем доказ од тоа дека вие веќе сте скршнале и сте решиле да не одите по европскиот пат е вчерашната одлука да не гласате за првиот договор на нашата држава потпишан со Европската Комисија. Фронтекс е агенција на ЕУ. Тоа што вие не седевте внатре во салата да гласате значи дека нема појасен доказ дека очигледно веќе одамна сте го напуштиле европскиот пат“ истакна Шкријељ.
Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема придонесено за носењето на ниту една важна одлука за државата, туку дека е заинтересирана само за криминал и корупција.
Таа бела палата каде седите, се координирате, каде држите прес-конференции, таму дури и теписите и лустерите, таму буквално се е украдено од народот, порача Шкријељ.