fbpx

Манчевски во 24 Анализа: Од заробена држава направивме демократска земја со европска иднина, со Пендаровски продолжуваме напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во своето гостување во емисијата 24 Анализа на телевизија 24, зборуваше за реформите и одговорното и домаќинско однесување на владата предводена од СДСМ поради кои од заробена држава ја извадија земјата на вистински пат, како и за огромната разлика која постои помеѓу концептите на Пендаровски и Сиљановска.

„Кристално јасно е за јавноста и граѓаните дека помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ постои огромна разлика во начинот на владеење. Од заробена и изолирана држава, тргнавме напред кон ЕУ и НАТО, го слушаме гласот на граѓаните, имаме рекорден број странски инвестиции, зголемени плати и пензии, најниска стапка на невработеност, слобода на говор и медиуми“ – посочи Манчевски.

Осврнувајќи се на претстојниот втор круг од претседателските избори, потпретседателот Манчевски истакна дека граѓаните пред себе имаат јасен избор и дека мнозинството граѓани ќе ја потврдат поддршката за концептот што води напред, а Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на државата.

„Во недела граѓаните бираат напредок и интеграции наспроти изолација и враќање во темното минато. Во недела граѓаните имаат пред себе два концепти, концептот на Стево кој води напред, кој нуди стабилност, сигурност, европска иднина која ќе донесе подобар живот за сите граѓани и концептот на Сиљановска кој нема одговор на клучните прашања, концепт кој ќе донесе нова деструктивност, непотпишување на закони кои се од интерес на граѓаните, нови изолации и враќање во темното минато. Затоа граѓаните масовно ќе гласаат за концептот кој нуди прогрес и интеграции и Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија“  – порача Манчевски

Манчевски заклучи дека позитивните оценки на сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи за спроведениот прв круг од изборите кој мина во фер, демократски и мирен амбиент се доказ дека државата, институциите покажале сериозна одговорност и тоа ќе се потврди и во  вториот круг.

 

Последни вести