Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза даваат резултати.
Економијата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП.
Истовремено инфлацијата се намалува. Три месеци по ред стапката на инфлација опаѓа. Трендот на намалување продолжува и понатаму и во текот на годината стапката на инфлација ќе биде едноцифрена.
Растат платите и пензиите. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на мад 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти.
СДСМ како одговорна партија продолжува со ефикасните и одговорни економски политики, кои даваат резултати, носат економски пресврт и подобар животен стандард за сите граѓани.