СДСМ упатува честитки до сите новинари, сниматели, фоторепортери, медиуми и медиумски работници!
Слободата на медиумите е клучна за секое демократско општество.
Горди сме што по демократските промени во нашата земја има значителен напредок во делот на слободата на медиумите. Подобрување за 14 места на светскиот индекс за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2018 година е само еден од показателите.
Разбираме дека е потребно унапредување на условите за работа на медиумските работници и достигнување на што повисоки стандарди во медиумските слободи.
Се обврзуваме тоа да го постигнеме заедно.