Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои значат поголема грижа кон граѓаните и животната средина.
Од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење согласно одлуката за намалување на ДДВ-то за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%.
Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за од прилика 220 денари месечно, што е годишна заштеда од скоро над 2600 денари.
Намалувањето на ДДВ-то за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%, освен што значи помали месечни трошоци во секое семејство, значи и поголема енергетска ефикасност односно помала емисија на јагледроден диоксид како дел од мерките од Планот за чист воздух.
Воедно претставува и мотивација плус за граѓаните повторно да се приклучат кон користењето на парното греење како опција за загревање на домовите, а тоа би значело повторно вклучување на исклучените 14 илјади домаќинства, исклучени од 2012 до денес и привлекување на нови корисници.
Претходно беше исправена уште една неправда кон граѓаните, исклучени од системот на парно греење , односно беше укинат паушалот за парно греење кои го плаќаа со години.
Уште една новина која ќе стапи во текот на месец јули е и поставувањето на нов тарифен систем за продажба на топлинска енергија, односно укинување на трошокот за ангажирана моќност кој како како таков нема да постои.
Владата предводена од СДСМ останува фокусирана на обезбедување на подобра живејачка за сите граѓани, преку намалувањето на трошоците во секое семејство и спроведување на мерките од Планот за чист воздух.
Скопје, 03.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА