Соопштение за јавност
Како што наближува изборниот ден така се зголемува нервозата и се интензивираат очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да најде алиби за извесниот пораз што ги очекува во недела.
Со поденсувањето на неосновани пријави, ВМРО-ДПМНЕ денеска покажа дека е против изградба на нов мост во Скопје, против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата во Скопје. Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е против се што е во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го прикрие фактот дека токму нивната кандидатка го прекрши Изборниот законик преку груба злоупотреба на деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за полиитчки цели.
Наместо да се обидуваат да браат алиби во секој проект што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска нека се спремаат за пораз на 5 мај кога граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната матрица на криминал, деструкција и блокади.
Скопје,02.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА