Перверзно е луѓе кои се обвинети за криминал и против кои се водат судски провеси, овде на собраниска говорница да зборуваат и обвинуваат други луѓе за криминал, порача пратеничката Жаклина Лазаревска во реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Лазаревска наведе цитати од обвинението покренато токму против пратеникот Јанушев.
„Обвинетите во овој предмет ја оштетиле државата за 4.772.920 евра, односно можеле од другата понуда да добијат толку помалку. Замислете, луѓе кои учествувале во ваков криминал, кои се процесуирани во судовите, овде, од говорница квалификуваат други луѓе за криминалци и зборуваат за трошење на народни пари. Тоа е навистина перверзно“ порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.