Христијан Мицкоски е претседател на партија која со судска одлука е потврдено дека е е злосторничко здружение. ВМРО-ДПМНЕ е сместена во Бел дворец, исто така со судски одлуки докажано дека е стекнато на криминален начин, на грбот на граѓаните.
Бројни судски пресуди со долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери и нивни признанија, доволно кажуваат до кој степен ВМРО-ДПМНЕ е криминогена партија.
Оттаму, кога Мицкоски зборува за борба против криминал и корупција е како пироман да зборува за противпожарна заштита.
Целата политичка кариера на Мицкоски му се сведе по секоја цена да го брани криминалот на неговиот ментор Груевски и неговите сопартијци и затоа не чуди што тој по одлуката на Судот во Стразбур со денови беше отсутен од јавноста, потонат во својот очај.