fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби, туку да го повика Јанушев да зборува со своите роднини да се повлечат од работните места во ЦУК и МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Свесна за слабата поддршка меѓу граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ продолжува на секој начин да бара алиби за поразот што ќе им се случи во недела.

Заврши времето непотизмот и масовната партизација на институциите што беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со нивното заминување во опозиција.

Денес Република Северна Македонија е правна држава во која се почитуваат законите и одлуките донесени од институциите. СДСМ е против непотизмот и против партизацијата на институциите.

Согласно тоа се испочитуваа и  донесените заклучоци односно одлуки на Државната комисија за спречување на корупција, по што следуваше повлекување од работните места на лица блиски до актуелни функционери.

Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа дедото, бабата и сестрата на ген. секретар на СДСМ Александар Кирацовски, мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, синот, братот и сопругот  на пратеничката Мира Стојчевска.

Сите овие лица, иако при нивните вработувања не загрозиле ничие право и не прекршиле ниту една процедура ги испочитуваа заклучоците од Антикорупциска и си заминаа од нивните работни места .

Денес, законот и правилата важат за сите подеднакво. ВМРО ДПМНЕ нека го следи овој пример и за почеток нека го повика шефот на изборниот штаб да ги повика својот татко и сестра да се повлечат од работните места во ЦУК односно МВР.

Ја поздравуваме работата на ДКСК и ја охрабруваме да продолжи со откривање на нови случаи поврзани и со функционери на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Скопје, 02.05.2019                                               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести