fbpx

Мицкоски да каже како со професорска плата се стигнува до милионска куќа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во репликата од собраниската говорница, пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева се осврна и на написите на медиумите за имот на Христијан Мицкоски и неговото поблиско семејство.

„Дали за чист образ може да зборува оној кој сее омраза и дискриминација, кој не сака да се огради од криминалите во сопствената партија, кој постојано лаже и во јавноста вели дека од професорска плата тешко се живее, а истовремено, под закрилата на својот зет, да гради куќа од еден милион евра? Тоа не е чист образ?“ порача Калеска Ванчева во реплика на денешната собраниска седница.

Европскиот пат е патот кон прогресот, пат кој ни дава дополнителна енергија, дали вие сакате да верувате во тоа или не, тоа е ваш избор, порача пратеничката Снежана Калеска Ванчева обраќајќи се кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести