fbpx

Богоев на Алсат: Предлог закон за ветинг во следните три месеци, правиме исчекор во делот на владеење на правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Законот за ветинг би подразбирал поедноставување на процедурите и вмрежување на институциите да го проверат имотот на функционерите, како и потекло на имот, потекло на пари, имот на блиски и слично, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во емисијата „Патот кон“ на Телевизија Алсат М.

-Мислам дека може да се очекува во следните три месеци да имаме таков закон кој ќе влезе во собраниска процедура, ќе има јавна расправа и ќе се земат некои искуства и практики од ЕУ и од други развиени држави во западна Европа и од светот кои имаат вакви закони. Мое мислење еека ќе добиеме еден систем и механизам не само за сега туку и во иднина, сите функционери да мораат да докажат потекло на имот, а ова да биде проследено со унапредување на Закон за конфискација на имот. Со овој закон ќе направиме голем исчекор на полето на владеење на правото, посочи тој.

Богоев додаде дека токму Законот за ветинг на функционери бил дел од платформата за коалицирање со Алијанса за Албанците.

-Подобар економски стандард, членство во ЕУ и владеење на право беа главните столбови на соработка, каде влегува предлог закон за ветниг на функционери кој верувам ќе биде навистина корисен и битен, а тој закон исто така го поддржува целата коалиција и секако и СДСМ, потенцира Богоев.

Последни вести