fbpx

Централниот караван на „Заедно Напред!“ во тек на денешниот ден ќе биде на средби со граѓани и граѓанска трибина во Кочани и Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Ве известуваме дека денеска (01.05.2019, Среда), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 12.00 часот во Куманово, ќе даде изјава за медиуми пред зграда на Комитет, каде ќе има средба со стечајци од Куманово. Во Македонска Каменица во Домот на културата ќе има средба со рудари од овој регион.

Потоа, во 19.10 часот ќе биде со граѓаните на Кочани, каде во ГТЦ (помеѓу две згради) во центарот на Кочани ќе се одржи граѓанска трибина на која ќе учествуваат заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Подоцна, во 20.35 часот ќе се одржи централниот настан на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, граѓанска трибина, каде свое обраќање ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на претседателот на СДСМ, Зоран Заев).

 

 

 

 

 

Последни вести