fbpx

Ковачевски: Следува намалување на цените на тестенините за 15 отсто и на млечните производи за 10 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Го штитиме стандардот на граѓаните, Владата навремено и ефикасно реагираше во надминување на последиците од светската економска и енергетска криза, прво со пакетот мерки во вредност од 760 милиони евра и 80% субвениционирана цена на струјата а сега продолжуваме со замрзнување на цените на основноте производи, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интревју за емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Ковачевски истакна дека денес цената на лебот е замрзната на 33 денари, дека следува намалување на цените на други прехранбени продукти како тестенините, млекото и млечните производи, со Владата не дозволила ценовен шок за граѓаните.

-Дел од компаниите ги намалиле цените, дел не ги намалиле и затоа следуваше следната мерка на Владата а тоа беше замразување на цената на лебот, сега цената на лебот е 33 денари за 450 грама за бел и полубел леб. Она што следува е намалување на цените на тестенините за 15 проценти и на млекото и млечните производи за 10 проценти и со тоа имаме реално намалување на цените, рече Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека со пакетот антикризни мерките на Владата вредни 760 милиони евра граѓаните плаќаат пет пати помала цена за струја од реалната, затоа што Владата субвенционира 80% од цените.

-Прво донесовме два пакета антикризни мерки во вредност од 760 милиони евра кои беа наменети за најранливи категории на граѓани вклучително и субвенционирање на електрична енергија за 80% од реалната цена, што значи дека граѓаните во целиот изминатиот период и она што е пред нас плаќаат пет пати помали сметки од она што ги плаќале без субвенција од државата. Во однос на основните прехранбени производи во комуникација со стопанските комори и со нивните сектори донесовме мерка за субвенционирана цена за електрична енергија за овие компании од 80 евра за мегават час во услови кога на берзите цените на електрична енергија беа 500 евра. Тоа беше дел од еден џентлеменски договор каде што Владата ја овозможи таа електрична енергија, поддржано со пари од буџетот кои се пари на граѓаните, а компаниите требаше да ги намалат цените за 10%. Дел од компаниите ги намалиле цените, дел не ги намалиле и затоа следуваше следната мерка на Владата а тоа беше замразување на цените, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски за Трилинг на 24 Телевизија.

Последни вести