fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го копира концептот на СДСМ, се гледаме на терен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани,

Во отсуство на било каков став, идеја или некаква понуда за граѓаните ВМРО-ДПМНЕ реши да го копира концептот на СДСМ за теренски активности.

Како секоја пиратерија на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го најавија кукавички, со копиран концепт и го објавија преку снимено видео. Наместо да излезат пред јавноста вака, на официјална прес конференција.

Зошто така избрзаа знае ВМРО-ДПМНЕ, но, знаеме и ние.

Без разлика дали најавата е реална или уште една од нивните плагијати, за поздравување е доколку ВМРО-ДПМНЕ сфатиле дека мора да излезат надвор од Белиот дворец и да се соочат со граѓаните.

На терен, ВМРО-ДПМНЕ ќе може директно од граѓаните да слушне за нивното катастрофално, лошото владеење со локалната самоуправа. Односно неработење на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба ВМРО-ДПМНЕ директно од народот да слушне за нај-неспособната локална власт досега но и да одговори зошто немаат ниту еден реализиран проект во изминатата година и половина.

Толку се неспособни што и не успеаја да ги дозавршат ниту проектите кои ги наследија од минатата локална власт.

Да слушнете од народот дека ги излажавте, за помали сметки за вода, за ѓубретарина и други комунални услуги, за бесплатен превоз. Дека спротивно од ветувањето ги зголемивте, и неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ги ставија на грбот на народот и семејните буџети.

Симнати од белиот дворец да видат дека народот не сака блокади на Собранието среде криза, кочење на државата и попречување на реализација на врвните национални интереси.

Нека слушне ВМРО-ДПМНЕ дека народот е за ЕУ, за европска иднина дома и не сака да биде заложник на радикални структури.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека не е доволно некој концепт само да го ископираш, туку треба искрено да го чувствуваш, да ги знаеш потребите на граѓаните и реално да го спроведеш.

Лоша копија на концептот на СДСМ само покажува дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков план а нивното делување се сведува само на блокади, на деструкции и ништо повеќе.

Како што најавивме уште во декември од крајот на март, во период од 3 месеци СДСМ ќе реализира теренски активности во 892 населени места. Граѓаните ќе имаат можност да видат и да споредат.

Посакуваме успешна, напорна работа. Се гледаме на терен!

Последни вести