fbpx

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит по повод одбележувањето на 80 години Холокаустот на македонските Евреи „11-ти Март 1943 – Никогаш повеќе”

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

По повод 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, делагација на СДСМ составена од организациониот секретар Вангел Андрески и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Милена Стевановиќ, денеска присуствуваше на комеморативните настани во Скопје, организирани од Еврејската заедница во нашата земја.

Делегацијата на СДСМ положи свежо цвеќе на споменикот во чест на 7.144 македонски Евреи, кој се наоѓа во поранешниот скопски Монопол, како и пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната борба (НОБ) на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Холокаустот на Евреите е тажно поглавје од светската историја, но и постојан потсетник со сите сили да се бориме против сите форми на антисеминизам и меѓучовечка и меѓунационална омраза.

Никогаш да не се заборави, за никогаш да не се повтори.

Последни вести